Нов невестински едиторијал од Антонија Ристовска

19 јули 2014

Дизајнерката Антонија Ристовска изминатиов период работеше на невестински едиторијал, кој го носи насловот „Со професионален тим до совршена невеста“.

A4_1

Во едиторијалот има нови венчаници кои се инспирирани од темата Арт Деко и претставуваат надополнување на последната колекција S/S 2014 “Art en Deco”, претставена со самостојната ревија на Антонија Ристовска во април. На моделите се впечатливи големите бели цветови  со геометриски детали, во делот на колковите, а кај некои го има минималистичкиот изглед со впечатливи копчиња. Во горниот дел кај некои модели е употребен најфин француски тул за нежен допир на телото. Дел од невестинските фустани се од претходните колекции, а застапени се и кратки и неконвенционални венчаници.

-Во договор со Зоран Шурбевски, Бубе од Студио ин и Олгица од „Ателје плус“ заедно пристапуваме кон идните невести за нивниот посебен ден. Од аспект да го заштедиме нејзиниот буџет, а зад невестата да застане професионален тим,  ателјето се одлучи да практикува изнајмување на своите венчални фустани под слоганот “Со професионален тим до совршена невеста”. И секако и да се излезе во пресрет на тие што сакаат луксузна венчаница, а да ја добијат за многу помал буџет. За таа цел направивме фотосесија со фотографите Ани и Дими заедно со тимот за комплетен аутфит - вели дизајнерката.

Во продолжение погледнете го едиторијалот:

A5 copy

A6_2

A7 copy

A7_1 copy

 

 

Објавено:
19 јули 2014
Категорија: 
Актуел