„Black Feedback“ е името на новата колекција на нашата млада дизајнерка Евгенија Зафировска.
Инспирацијата доаѓа од флората и заштитата на животната средина. Во контекст на тоа, уште поважно е да се спомене тоа што, по примерот на големи светски дизајнери како Стела Мекартни на пример, Зафировска создава еко-пријателска колекција.
-Како прв чекор во обидот да променам нешто, направив колекција во која акцентот е на рециклираниот материјал. Хортикултурата изобилува со живописни бои и форми кои ми послужија како инспирација поливинилот да го вметнам на различни начини. Поливинилот е и најзастапениот материјал, кој е рециклиран и со тоа ја зголемува вредноста на колекцијата – објаснува дизајнерката.
Интересните и необични модни додатоци се нешто по што таа е препознатлива, па се застапени и овој пат. Имено, парчињата се збогатени со апстрактни принтови, со што Евгенија прави спој на вистинската женска естетика со допирот од уметничко дело.
Иако носи назив „Black feedback“, колекцијата е вклучува и сиви и кафени нијанси, како и златни.
Новите парчиња се презентирани преку мини-едиторијал, кој Ена го прави во соработка со Мирела Мурич и Љубомир Кирков.