Нова улога: Лејди Гага ќе ја глуми „Црната вдовица“ на Гучи

2 ноември 2019

После успехот во филмот „Ѕвездата е родена“, Лејди Гага има нов предизвик. Имено, како пренесуваат американските медиуми, ќе се снима филм за сопругата на наследникот на модната династија „Гучи“, кој беше убиен, Патриција Реџани, попозната под прекарот „Црната вдовица“.

Гага ќе се најде во главната улога, пренесувајќи ја приказната на жената која служеше 18 години затворска казна поради нарачување на убиството на сопругот Маурицио Гучи во 1995 година во Милано. Од затвор излегува во 2016 година.

Остварувањето ќе се осврне на едно од најстрашните злосторства во Италија во високото друштво. 

Како пренесува „Дедлајн“, актерката уште не ја потврдила информацијата. Она што е познато е дека приказната ќе биде базирана на книгата „Куќата на Гучи: Сензационална приказна за убиството, лудилото, гламурот и алчноста“. 

Од гламурозниот брак со наследникот на Гучи, до туморот на мозок и скандалозното обвинение, животот на Патриција, односно „Црната вдовица“ е приказна која заслужува филмско платно, влеат странските медиуми. 

За потсетување, таа беше обвинета на 29 години затвор, а ослободена после 18 отслужени. Во затвор завршија и тројца соучесници, меѓу кои и убиецот кој во 1995 година го уби Маурицио во неговиот стан.

„Не сум виновна, но не сум ни невина. Сè што се случи беше недоразбирање“, изјави вдовицата лани во серијата „People Magazine Investigates: Crimes of Fashion“.

„Маурицио се чувствуваше слободен со мене. Се забавувавме, бевме тим, прекрасен пар и секако, имавме и убав живот“, ќе каже таа за „Гардијан“ неколку месеци по излегувањето од затвор.

Двојката стапи во брак во 1973 година, а во бракот ги добиваат двете ќерки Алегра и Алесандра.

Но, убавиот живот ќе се смени, откако во 1985 година Маурицио ќе ја напушти Патриција поради млада дизајнерка на ентериер, Паола Франчи. Веќе не се врати дома, а разводот конечно се случи во 1991 година.

Една година подоцна, на Патриција ќе ѝ биде отстранет туморот на мозок, а во 1998 година, после тајната операција во која се прислушкувани телефони, ќе биде осудена за учество во убиството на сопругот три години претходно.

Таа ќе ѝ признае на пријателка дека платила околу 200.000 фунти, но ќе негира дека парите биле за убиецот. Повеќе за приказната можете да прочитате ТУКА

 

Објавено:
2 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
6.027 пати