Новата кампања на Готје за парфеми е снимена на Хвар

13 август 2020

Од брендот „Жан Пол Готје“ неодамна објавија видео, како дел од кампања посветена на новите парфеми.

Хрватските медиуми ја споделија веста, посочувајќи дека ова е една од најдобрите реклами што нивната земја може да ја добие.

Имено, тимот на познатиот бренд ја снимал кампањата на островот Хвар, поточно на јужното крајбрежје на островот. Интересно е што, снимањето се одвивало уште минатиот октомври, но успеале да го сочуваат од очите на јавноста.

Десет месеци подоцна, финалниот производ е објавен. И без да прочитате дека се работи за кампања на Жан Пол Готје, сосема јасна асоцијација ќе ви бидат големиот број морнари во видеото и принтот на риги по кои дизајнерот е препознатлив.

Видеото е совршена асоцијација на ова време од годината (иако снимано во октомври), а во комбинација со парфемите со автентични амбалажи, е привлечна летна приказна.

 

 

 

извор: facebook.com/pg/jean.paul.gaultier;

Објавено:
13 август 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
279 пати