Новата реклама на Викторија Сикрет предизвика лавина од негативни реакции

1 ноември 2014

Голем дел од припадничките на понежниот пол се навредени поради самиот наслов на колекцијата односно со ставање на зборот „body“ во наводници, со што се алудира на перфектно тело кое го нудат ангелите на Викторија Сикрет. Според нив, ваквите претпоставки директно влијаат во формирањето на јавното мислење за тоа како треба да изгледа женското тело.

Студентите Френсцис Блек, Габриела Кантрајдс и Лаура Ферис ја формираа страната со наслов „A petition on Change“ и бараат од челните лица на Викторија Сикрет да се извинат за новата навредлива реклама. Петицијата која ја организираа девојките до сега ја имаат потпишано 765 лица. Францис Блек во изјава за Телеграф кажала дека покрај тоа што рекламата е навредлива, дури ни градниците не се воопшто убави  и додала – „Мислам дека рекламата на Викторија Сикрет е всушност начин на јавноста да и се даде до знаење дека девојките кои се дел од неа се тие кои имаат совршено тело, а тоа е навредливо“. Во продолжение погледнете дел од реакциите на девојките во Велика Британија.

Објавено:
1 ноември 2014
Категорија: 
Актуел