Објавени номинациите за 93. доделување на наградите Оскар

15 март 2021

Церемонијата околу доделувањето на Оскарите требаше да се оджи традиционално на крајот на февруари. Поради пандемијата Оскарите беа презакажани за во април, а Ник Џонас и неговата сопруга, актерката Пријанка Чопра, денес ги објавија номинираните.

Гери Oлдман во Mank

Во трката за најдобар филм се номинирани The Father, Judas and the Black Messiah, Mank, Minari, Nomadland, Promising Young Woman. 

Актерките Виола Дејвис, Андра Деј, Ванеса Кирби, Френцис Мекдорманд и Кери Мулиган ќе се борат за најдобрата женска улога, додека во машката трка влегуваат Риз Ахмед, Чедвик Бозман, Сер Ентони Хопкинс, Гери Олдман и Стивен Јон.

Клои Зао и Емералд Фенел

Клои Зао е номинирана за најдобра режија за Nomadland, додека Емералд Фенел влегува во истата трка со нејзиниот Promising Young Woman. Ова е прв пат во историјата две жени да се номинирани во категоријата Најдобра режија.

Најмногу номинации има црно-белата драма Mank со Гери Олдман во главната улога, вкупно во 10 категории.

Сите номинации може да ги погледнете на официјалната страна.

Доделувањето ќе се одржи онлајн и на неколку локации низ Лос Анџелес, а закажаниот датум е 25 април.

Објавено:
15 март 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
317 пати