По две номинации имаат Александар Меквин и тоа за „Најдобар бренд“ заедно со Викторија Бекам и Стела Мекартни и за „Најдобри дизајнерски фустани од црвениот килим“ и JW Anderson за категориите “Најдобар дизајнер’ и „Најдобра машка и женска колекција“. Минатогодишниот победник на главната награда, Кристофер Кејн, оваа година е номиниран за „Најдобар дизајнер за женска облека“ и тоа заедно со Ердем и Џонатан Андерсон.
Во категоријата „Најдобар дизајнерски накит“ номинирани се Ања Хиндмарч, Шарлот Олимпија и Николас Кирквуд, а во категоријата „Најдобар интернационален дизајнер“ номинирани се Никола Гескер, Хеди Слиман и Раф Симонс.Кара Делевињ, Сам Робинсон, Иди Кемпбел и Џордан Дун се номинирани за наградата за „Најдобар модел“. Интересно е да се знае дека Дун е првата црномуреста манекенка која е номинирана за оваа награда.