Британските модни награди се едни од најпрестижните во модната индустрија и со тоа едни од најочекуваните. Годинешното доделување ќе се одржи на 23-ти ноември во Лондон, а номинациите веќе се објавени.
Годинава за најдобра креација на црвениот килим ќе се борат Том Форд, Роксанда Илинчиќ, Ердем и Кристофер Кејн.
За најдобар модел номинирани се Џорџија Меј Џегер, Џордан Дан и Малаика Фирт, а за најдобра кампања ќе се борат Барбери, Селин и Живанши.
Кога се брендовите во прашање, борбата ќе биде помеѓу Александар Меквин, Ања Хиндмарк, Барбери и Стела Макартни.
Целосната листа на номинирани можете да ја погледнете тука.
Оваа манифестација секогаш е проследена со интересни модни комбинации и на црвениот килим, па несомнено дека покрај наградите, овој дел ќе биде проследен со големо внимание.