Облека за сите плус-сајз дами

16 септември 2016

Викторија Бекам повторно се најде на удар на медиумите поради премногу слабите манекенки во ревијата презентирана за време на тукушто завршената модна недела во Њујорк.

Во исто време, три плус-сајз модели во Лондон пратија сосема спротивна порака. Тес Холидеј, Кејли Торпе и Бишамбер Бас ја промовираа новата кампања со соработка со eBay, за позитивен став кон телото.

Покрај неколкуте фотографии, кампањата содржи и видео со истата порака.

 

Инаку, колекцијата е насловена како „Curve Fashion Hub“ e составена од прачиња за секојдневни, но и свечени пригоди, а големините стартуваат од 46 па сѐ до 58.

-Ние ги селектираме амбасадорите за Curve Collective, а знаевме дека Бишамбер, Кејли и Тес беа совршени партнери. Тие се неверојатно исполнети жени, што го презентираат широкиот спектар на нашата заедница. А целта на eBay е да одговориме на потребите и желбите на нашите потрошувачи – велат од онлајн сајтот за продажба.

Тие додаваат дека нивната цел е да ги инспирираат жените и со тоа да им овозможат да купуваат модни парчиња со самодоверба и леснотија, без оглед на големината.

Инаку, Тес е еден од најпопуларните плус-сајз модели, а во март годинава исто така во соработка со eBay направи колекција, според својот сензибилитет, а наменета за сите жени со изразени облини.

Објавено:
16 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
977 пати