Викендов во Лос Анџелес се одржаа 20-те Гилд награди, доделени од американската телевизиска федерација, за актерите што во 2013 година овозможиле најдобар придонес во етерот. По доделувањето на „Златните глобуси“, ова беше уште еден настан каде познатите дами ги „прошетаа“ дизајнерските фустани по црвениот килим, а меѓу филмовите триумфираше „American Huste“, за кој беше доделена награда за најдобра актерска екипа што ја сочинуваат, Ејми Адамс, Бредли Купер и Џенифер Лоренс. За најдобра актерка е прогласена Кејт Бланшет од улогата во филмот „Синиот Јасмин“, додека наградата за најдобар актер, отиде во рацете на Метју Меконахи за улогата во филмот „Dallas Buyers Club“.
Со празни раце не останаа ниту Џерард Лето, Хелен Мирен и Мајкл Даглас. Во однос на тоалетите на црвениот килим, имаше колку добри, толку и лоши. Пејачката Мараја Кери убедливо го има најлошиот и најоскуден аутфит на црвен килим, а во продолжение погледнете каква е атмосферата и како изгледаа наградените.