Одржливоста е повторно во централен фокус во новата колекција „Синхронија" на дизајнерката Ирина Тошева.
Колекцијата беше премиерно претставена на културниот дел на Експо 2023 во Доха, Катар и ја доби наградата за најдобра одржлива мода.
Во „Синхронија" суровите линии и робусните геометрии како дел од урбаниот пејзаж на Скопје наоѓаат мирен пандан во бујната прегратка на природата. Секое парче од колекцијата служи како доказ за хармоничната коегзистенција на овие два светови.
Ткаенините од кои се изработени парчињата се еколошки и сертифицирани. Копчињата се изработени од камења и стакленца од Охридско езеро, во комбинација со сребро, рачно изработено од „Добро ми стои". На овој начин секое копче е симбол на посветеноста на колекцијата на автентичноста и локалната изработка.
„Синхронија" Тошева ја дизајнирала во соработка со архитектката Тијана Стојковска, а едиторијалот е изработен од фотографката Александра Костадиновска, шминка на Виктор Мирчевски, фризура на Дарко Петковски од HairHouse. Моделка е Ива Чачкова од Моделс Ин. Асистент на сет е Орце Наумовски.
Достапна е за продажба во Ателје Ирина Тошева и онлајн на irinatosheva.com