Македонската модна дизајнерка Олгица Ѓоргиева е победникот во категоријата за најдобар дизајнер за регионот на Европа и Русија во рамки на Интернационалните бугарски модни награди Еирене 2014.
Во нејзината категорија, таа ги победи останатите Амела Радан од Босна и Херцеговина и дизајнерското дуо Наталија Каменска и Олесја Конононова од Украина, и влезе во потесниот избор за најдобри 10 дизајнери и брендови во светот.
Официјалното гласање ќе трае до 16 – ти месецов, до 14 часот, по што ќе биде избран и официјалниот победник на годинешното издание на наградите Еирене.
Победниците на наградите Еирене 2014 ќе имаат можност да освојат дел од високите наградни фондови за две сезонски презентации со ревии на Бугарската модна недела во периодот од 2014 до 2020 година, но и можност за претставување на Модната недела во Пловдив.
Оскар де ла Рента - најдобар дизајнер за Северна Америка
Меѓу другите дизајнери – победници во нивните категории, се најдоа и Оскар де ла Рента кој беше прогласен за најдобар дизајнер за Северна Америка, потоа Акира Исогава кој победи во категоријата за Океанија и Велика Британија и Хана Мори која беше прогласена за најдобра дизајнерка за Азија.
Хана Мори - Азија
За најдобар дизајнер за Јужна Америка беше прогласена големата Каролина Херера, а одличниот Жан Чарлс де Кастелбајак за Африка.
Каролина Херера - Јужна Америка