Олгица Ѓоргиева влезе во финалето од бугарските модни награди ЕИРЕНЕ 2014

30 јуни 2014

Од трите македонски модни дизајнерски имиња кои беа во трката на  вториот круг од изборот на Бугарските модни награди Еирене 2014, дизајнерката Олгица Ѓоргиева се најде во финалето. Ѓоргиева  ќе се бори за највисокото место и во третата финална етапа. Гласовите од публиката на социјалната мрежа Фејсбук ја позиционираа Олгица во топ три финалисти од  регионот за Европа и Русија. Покрај македонската претставничка, во категоријата на ниво за Европа и Русија се и модните претставници на Босна и Херцеговина и Украина.

Босанската дизајнерка Амела Радан и дизајнерското дуо Наталија Каменска и Олесја Конононова од Украина ќе се натпреваруваат со нашата претставничка се до 5-ти јули кога ќе биде затворен и третиот круг од гласањето, а со тоа ќе се избере и годинашниот победник.

Објавено:
30 јуни 2014
Категорија: 
Актуел