Оливија Палермо заљубена во чевлите на Зара

9 мај 2013

Не мора секогаш да се согласуваме со фразата дека најубавото е и најскапо, а тоа го потврдува стајлингот на Оливија Палермо која обожава да ги носи потпетиците од брендот Зара. Модната миленичка на неколку настани кои што се случија овој период беше забележана како скапата дизајнерска облека ја комбинира со модел на чевли од Зара. Имено на отварањето на луксузниот бутик на Луј Витон во Германија, беше забележана нормално во креација на истоимената дизајнерска куќа во комбинација со потпетиците на Зара. Истиот модел на чевли од Зара ги комбинираше на настанот кој го одржа реномираниот француски бренд Рошас во Шпанија. Еве можност и вие да се носите рамо до рамо со стилот на светски познатите ѕвезди.

 

Три стајлинзи на Оливија Палермо

 

Зара потпетици

 

 

Комбинација од плакарот на Оливија Палермо

 

Објавено:
9 мај 2013
Категорија: 
Актуел