„Орифлеим Македонија“ прослави 20 успешни години

3 септември 2016

Во пријатен амбиент на хотелот „Мериот“ во Скопје, вчеравечер шведската козметичка компанија „Орифлеим“ прослави успешни 20 години во Македонија.

На јубилејниот роденден  им беше одадено признание на сите кои учествувале во градењето на успешната приказна на овој бренд, кој инаку следната година слави 50 години од неговото постоење, па помеѓу присутните гости беа и дел од регионалните и интернационалните соработници.

Програмата беше конципирана во два дела. Во првиот се направи ретроспектива низ годините на созревање и растење на овој бренд заедно со сите оние кои се дел од неговото семејство.

Настанот го водеше Лила Стојановска, која инаку е долгогодишна соработичка на „Орифлеим Македонија“. Согласно со пропишаниот дрес код на вечерта, елегантна комбинација во црна и златна варијанта, таа носеше авангардна креација на модната куќа „Елена Лука“.

Брендот, кој исто така долги години се грижи за сценските појавувања на убавата водителка, овој пат се погрижи Лила да изгледа одлично и секси во креација од тантела, која ја нагласува нејзината линија.

Во вториот, забавниот дел, присутните гости  уживаа во музиката на Владо Јаневски, со што уште повеќе се зголеми роденденската, позитивна атмосфера.

Со ова „Орифлеим“ уште еднаш покажа дека соништата стануваат стварност, што е една и од водечките цели и мотивации на брендот.

„Вашите соништа – наша инспирација е темел на нашата посветеност за потрошувачите и консултантите чии соништа имаат голема улога во понатамошниот развој на нашите производи и бизнис планови кои имаат за цел да ви го олеснат развојот на вашето работење. Ние веруваме во соништата.. Ние веруваме во убавината.  Ние веруваме во вас.“, велат од брендот.

Со присутност во повеќе од 60 земји ширум светот, големиот асортиман на козметички производи и квалитетот, тимот „Орифлеим“ порача дека ќе се стреми и понатаму да остане на врвот на пазарот.

Среќен роденден Орифлеим Македонија!

 

Објавено:
3 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.577 пати