Од 1 до 4 ноември, 2018 година Моден викенд Скопје ќе ги донесе најновите колекции на домашни и дизајнери од регионот со темата „Модата како дел од екосистемот. Одржлива приказна" на две локации во Скопје.
Четиридневното модно случување ќе го отвори дизајнерката Лидија Георгиева во „F.A.M.E.'S" и по повод 20 години од создавањето на брендот ќе ја претстави роденденската колекција „Милион милји време". „Скопје Мериот Хотел" како официјална локација на осумнаесеттиот Моден викенд Скопје ќе биде местото на кое ќе се одржуваат три дена ревии.
На 2 ноември вечерта ќе започне со модната инсталација и перформанс од финалниот дел на проектот #sustainabestorymk со капсулните колекции на учесниците и гостинките од Велика Британија односно талентираната дизајнерка Ана Скодбо и една од водечките британски стилистки Ребека Рој. Ќе следува модниот перформанс на дизајнерката Ирина Тошева со колекцијата за есен-зима 2018/2019 и несекојдневен концепт. За прв пат на Моден викенд Скопје ревија ќе има и дизајнерката Теодора Митровска со колекцијата "We Are Not Machines". Посебно изненадување ќе биде модното шоу и креациите на Кренаре Ругова која во Скопје ќе ја донесе колекцијата за која вели дека е работена „користејќи бавна мода за да претстави нови форми на размислување однапред". За крајот на првата вечер ќе ја видиме колекцијата „Full of grace" на дизајнерката Силвија Миха која оваа 2018 година заокружува два нејзини зачајни јубилеи, 20 години од првата самостојна ревија на ФЛУ, како и 10 години од постоењето на нејзиното модно ателје "Алшар". По првиот ревијален ден, со „Red Bull" и „Absolut" гостите ги носиме на журка во „Public room" со познатиот диџеј „Gramophonedzie".
Во сабота на 3 ноември модна ревија ќе имаат студентите од академијата „Џолев и уметности". Квалитетот и напредната технолошка доработка се главните императиви при креирање на секое парче накит на „SIGMA" и на нивната најнова колекција наречена „Future now". Веднаш потоа за прв пат кај нас ќе ги видиме моделите на „Matrons dresses" и за крај на вечерта ревијата на Олгица Ѓоргиева и новата колекција „Bridges" поддржана од „БИСИ".
Есенското издание на Моден викенд Скопје 2018/2019 ќе го затворат модните парчиња на „error kolektiv" и нивните три брендови: „Atami", „Em Ellephantski" и „[0.10] error of harmony". Потоа ревијата на Сара Реџиќ и за крај на вечерта Александра Јовановска со ретроспективна ревија и колекцијата „Архетип" од десет годишното творештво како моден дизајнер. Официјално возило оваа сезона е „LEXUS.EXPERIENCE AMAIZING". На настанот ќе бидат изложени премиум хибридни возила: најновата генерација на луксузната лимузина „Lexus LS 500h"како и освежениот "Lexus NX 300h".
Официјален партнер за шминка оваа сезона се „GOSH". Официјален партнер за фризурите на моделите оваа е програмата „KEMON" застапувана од генералниот застапник за Македонија, „Клариса Балкан". Дерма-бјути партнер на сезоната се „Vichy". Официјален парфем оваа осумнаесетта сезона е „C-THRU" како водечки бренд, препознатлив по креативност, мода и инспирација и со задоволство Ви го претставува новиот парфем „Cosmic Aura". Нашите партнери „Perwoll" повеќе од 60 години се грижат за сите видови ткаенини и порачуваат "Направете ја вашата облека повторно убава". Проектни партнери -МДН обезбедување. Официјалното вино на сезоната доаѓа од винаријата „Визба Валандово". Официјална водка на сезоната е „Absolut". Нашите омилени ресторани се „Soul Kitchen Bar" и „Bella Vista".