Отфрлена тужбата на Сен Лоран за името

13 октомври 2014

Кога пред две години Хеди Слиман стана креативен директор на брендот Ив Сен Лоран, се донесе одлука Ив да се тргне од името на куќата и да остане само Сен Лоран Париз, што многумина го сметаа за навредлива постапка, непочитување на наследството од основачот. Токму затоа и не чуди што од модната куќа, оваа приказна се продолжи на суд.

Така, од францускиот бренд, кој годинава одбележува 101 година постоење, настапија со ставот дека оттргнувањето на Ив од името на брендот ќе создаде конфузија кај потенцијалните купувачи.  Исто така, постојат и разлики во цените во различни дуќани, токму поради оваа забуна, што дополнително влијае врз чесните купувачи.

Судиката Дебора Батс од Њујорк Дисрикт судот, не се согласи со овој став, и не го забрани новото име. Инаку, ова е трета тужба против француската Сен Лоран модна куќа. Во 1974 се водеше битка околу употребата на скратеницата YSL потоа за употребата само на Yves Saint Laurent наместо  Saint Laurent Rive Gauche, така што овој спор има веќе долга и комплицирана историја.

 

Објавено:
13 октомври 2014
Категорија: 
Актуел