Отворен новиот ексклузивен салон на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје: Фантастична коктел забава за старт на уште една успешна приказна

9 ноември 2023

Вчеравечер со одлична коктел забава исполнета со многу позитивни вибрации, ЕЛЕНА ЛУКА го најави новото поглавје во својата успешна приказна: нов ексклузивен продажен салон во Скопје, лоциран во непосредна близина на добро познатото ателје во Капиштец.

Голем број пријатели и соработници на ЕЛЕНА ЛУКА присуствуваа на официјалното отворање на нашето ново омилено место за мода и шопинг и уживаа во модерниот амбиент, ексклузивниот избор на модни парчиња и добрата дружба.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk)

Меѓу нив и Дани, Ана Стојановска, Ирена Спировска, Мики и Светлана Црнокрак, Силви Плевнеш, Вера Мештеровиќ, Ева Живковска и бројни пријатели на ЕЛЕНА ЛУКА кои ѝ посакаа успешен старт на новото поглавје.

„Добредојдовте во новиот салон на ЕЛЕНА ЛУКА што се наоѓа во непосредна близина, на само 30-тина метри од нашето ателје коешто работи веќе 15 години и е добро познато во јавноста. Овој нов салон е една логистика и поддршка на целиот концепт на ателјето. Ги поделивме колекциите што ЕЛЕНА ЛУКА ги работи и во овој продажен простор ќе бидат изложени готовите модели кои што клиентите ќе можат да ги погледнат и да ги пробаат. Во ателјето продолжуваме со концептот на изработката по нарачка како и делот за уникатни венчаници. Сметам дека направивме одличен потег со новиот салон, тоа е нешто што со години сакавме да го направиме, но немаше соодветен деловен простор за потребите на брендот. Ова што сега го направивме ќе придонесе за подобар пласман на сето она што го работи ЕЛЕНА ЛУКА. Освен тоа ќе имаме многу попрактичен пристап, од причина што самиот деловен простор има и свој паркинг, со што ќе се поедностави и комуникацијата со клиентите. Ќе разговараме за моделите, ќе можат да ги погледнат нашите нови креации, колекции и сите новитети. Со задоволство ве очекуваме!", изјави Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на брендот, на вчерашното отворање на новиот салон.

Своите позитивни импресии ги сподели и Ирена Спировска, долгогодишна соработничка и пријателка на ЕЛЕНА ЛУКА.

„Просторот зрачи со позитивна енергија, а како дополнување на тоа се прекрасните креации коишто Елена и нејзиниот тим вредно ги креираат. Многу често кога сум на фестивалските сцени носам облека со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА и луѓето веќе го препознаваат тоа. И морам да кажам дека никогаш не сум згрешила кога сум одбрала креација токму од нив", вели Ирена.

Дани речиси две децении е дел од семејството на ЕЛЕНА ЛУКА, а по повод отворањето на новиот салон изјави:

„Ја имав таа чест да влезам тука и пред да биде отворен новиот салон. Пресреќна сум што Скопје си доби еден нов преубав објект, којшто, освен со уникатните креации изобилува со една прекрасна атмосфера, одлична, топла екипа која што знае да пружи и да прими. Тоа за мене е најважното, затоа што истото го практикувам и во музиката. Со ЕЛЕНА ЛУКА имаме долгогодишна соработка, 20 години, која што во последниве 2,3 месеци се интензивираше и доби на тежина и сериозност. Допрва треба да излезат тие проекти, има што да се види, има за што да се зборува, но сепак нека остане во исчекување. Лично за мене ЕЛЕНА ЛУКА значело и ќе значи професионалност, сериозна комплетност и комоција што е за мене една од најважните работи".

Меѓу присутните гости беше и Вера Мештеровиќ, една од дамите која исто така со години ѝ ја дава довербата на ЕЛЕНА ЛУКА кога е во прашање сценскиот изглед.

„ЕЛЕНА ЛУКА ја чувствувам како семејство, како дел од мојот дом. Воодушевена сум од новиот салон, кој што се наоѓа на одлично фрекфентно место и верувам дека сите што ќе дојдат ќе се пронајдат во некоја од креациите што ги има тука", посочи Вера.

Ана Стојановска на годинешново издание на „Манаки" на црвениот тепих доминираше токму во креација на ЕЛЕНА ЛУКА и вчеравечер и таа беше меѓу драгите гости на настанот.

„Moјата соработка со ЕЛЕНА ЛУКА дојде сосема неочекувано, но на мое големо задоволство. Во уникатна креација на брендот се појавив на филмскиот фестивал „Манаки". Тимот одлично ме прими и морам да кажам дека навистина брзо и креативно го креираа сетот што го носев – здолниште и горен дел со ракави во бронзена нијанса. Се надевам дека соработката ќе продолжи и понатаму, а во однос на новиот салон можам топло да го препорачам на сите оние кои сакаат да бидат уникатни, модерни и да го подигнат својот стил на едно повисоко ниво", ги сподели своите импресии Ана.

Во новиот продажен салон на ЕЛЕНА ЛУКА ќе ве пречека фантастичен и простран амбиент, што го носи препознатливиот сензибилитет на модната куќа истовремено допирајќи до естетиката во уредувањето на ентериерите на светските престижни модни брендови.

Тука ќе најдете ексклузивен избор на уникатни модни парчиња, за различни прилики: од бизнис и деловни сетови до луксузни тоалети, зимски капути и неодоливи модни детали кои ќе му дадат автентичен стилски печат на секој аутфит.

Тимот на ЕЛЕНА ЛУКА со задоволство Ве очекува!

 

 

Објавено:
9 ноември 2023
Категорија: 
Актуел