Ова се новите фустани на Викторија Бекам

2 август 2013

Дизајнерката оваа есен се сврте кон интелектуалната мода.

Сите љубители на елегантниот дизајн кој што го практикува Викторија, овој месец ќе се израдуваат, затоа што Британката својот онлајн шоп го исполни со парчиња од најновата колекција Victoria, Victoria Beckam.

Се работи за линија која можат и „обичните“ жени да си ја дозволат, а чии клучни трендови за есен се претставени претходно, на модната недела во Њујорк.

Мојата нова колекција е наменета за девојките кои имаат интелектуален смисол за хумор. Тие можат се' да изнесат со стил, но сепак ги одбираат едноставните фустани. Наместо да одат, тие маршираат, пијат еспресо и се посветени на книгите, уметноста и филмот“, објаснува Бекам.

 

 

Објавено:
2 август 2013
Категорија: 
Актуел