За светската јавност секогаш се интересни оние случувања кои се надвор од „протоколот" и редоследот на нештата. Во Париз на актуелната Модна недела, раскошните ревии на големите дизајнерски имиња вообичаено ја воодушевуваат публиката, но она што особено привлече внимание беше ревијата од јавен карактер на францускиот бренд L'Oreal организирана на познатата авенија Шанзелизе, на која можеше да присуствува секој што во моментот се затекнал таму.
Главни ѕвезди на вечерта беа холивудските актерки, 79-годишната Џејн Фонда и 72-годишната Хелен Мирен кои на писта совршено ја одиграа својата улога на модели оставајќи впечаток како зад себе да имаат долгогодишно искуство во моделингот.
Џејн носеше макси фустан со животински принт и впечатлива огрлица, додека Хелен ја шармираше публиката во предимензиониран костум, достоинствено носејќи се во чекор со нивните многу помлади колешки на писта.
Фото извор: Profimedia