Ози Озборн на насловната на британскиот магазин Rolling Stone

5 декември 2023

Ози Озборн познат и како Прицот на темнината се појави во јануарското издание на магазинот Rolling Stone UK.

Ози, 74 чија кариера се протега повеќе од 50 години, позира во својот преознатлив хеви метал стил, облечен како и најчесто во црно.

За него многумина кажеле дека е еден вид на генетски мутант, а на јавноста и е познат и по турбулетниот животен стил и долгогодишната употреба на наркотици и алкохол.

И покрај сè, Ози и понатаму е легендарен музичар, чија кариера започнува во 60-те како член на групата Black Sabbath.

Групата во тоа време создава нов звук, односно го зачнува она што денес е познато како хеви метал.

Во 1979 поради злоупотреба на дроги е отпуштен од бендот. Ни тоа не го спречува, па Озборн стартува соло кариера која ќе се покаже како уште поуспешна.

До денес Ози има продадено повеќе од 100 милиони копии, заедно со групата и соло.

Низ животот го следеа многу контроверзии, а тој не се ни обидуваше да се промени, едноставно Ози беше таков, а фановите немаа ништо против.

Во една прилика одгриза глава од лилјак за време на настап во Ајова, мислејќи дека е детска играчка.

Токму поради неговата долговечност Ози подоцна е наречен и Кум на Металот (Godfather of Metal), а во раните 2000 заедно со семејството стартува реално шоу.

The Osbournes ќе се емитува со години на MTV и ќе го следи животот на легендарниот музичар.

Ози е во брак со Шерон Озборн од 1982 година а заедно имаат три деца Ејми, Кели и Џек Озборн.

Фото:Rolling Stone

Објавено:
5 декември 2023
Категорија: 
Актуел