Палтото од горила на поранешната уредничка на Вог предизвика критики кај Пета

21 јануари 2014

Американската блогерка и критичарка како и поранешна уредничка во Вог и Ел со француска адреса, Диан Перне доби остри критики од Пета откако на модната недела во Париз се појави во винтиџ палто од заштитените со закон животни горила.

Законот ги штити овие животни во Велика Британија и забранува нивно експлоатирање, но тоа не е случај со Америка каде нема такви ограничувања, но тоа пак не ги спречи Пета да упатат остри критики кон Перне.

Претставник од организацијата остро го осуди овој чекор на Перне и посочи дека ова е само уште еден пример во низата злоупотребување на животните во име на модата.„Тоа е една страшна промоција на модата, насилство врз невините животни ширум светот и тоа токму на оние што се заштитени со закон. Без разлика на тоа дали животното е убиено вчера или пред 10 години, носењето на неговото крзно е сосема неприфатливо и претставува страшен чекор за осудување“, изјавија од Пета.

На овие критики Перне се огласи веднаш, појаснувајќи дека палтото го добила на подарок уште во 2011 година и дека нема ништо против горилите.

„Сакам да појаснам дека ова е палто од колекцијата на една моја добра пријателка и истото го добив на подарок. Тоа е направено од горила што веќе била мртва и пред некој да помисли да направи вакво палто. Без разлика на тоа дали јас го носам или не ова палто, таа горила е мртва со децении“, изјавила Пернет.

Таа посочила и дека никогаш не би го облекла палтото доколку истото не било винтиџ и доколку горилата не била мртва многу одамна.

„Знам дека треба да се чувствувам лошо, но всушност не се чувствувам така. Јас постојано носам кожени обувки, и палта од животни исклучиво што не се загрозен вид“, вели Перне.

Дали вие го оправдувате ваквиот нејзин чекор и појаснувањето зашто го облекла ова палто?

Објавено:
21 јануари 2014
Категорија: 
Актуел