Традиционално, Институтот за боја, „Пантон" во последните 20 години во декември објавува која боја ќе биде хит во претстојната година.
Минатата година тоа беше „Ultra Violet“, а за 2019 година изборот е „Living Coral“.
Се работи за ведра и весела нијанса која дефинитивно ќе внесе живост во тмурните зимски денови и ќе биде една од омилените во летните месеци.
Living Coral е специфична нијанса на црвена, која според Институтот не само што ќе доминира на модните писти, туку ќе биде водечки тренд и во Индустријата за убавина, ентериерот...
Од Институтот велат дека оваа боја ја симболизира потребата за оптимизам, веселост, автентични и препознатливи искуства, кои пак, овозможуваат интимност и поврзаност.
Изборот на Боја на годината е процес кој бара внимателно разгледување и анализа на трендовите. Тоа е најчесто боја која ќе изврши влијание врз забавната индустрија, уметноста, модата, сите полиња на дизајнот, патувањата,ткаенините, текстурите, ефектите кои влијаат врз бојата...
Но, интересно е тоа што понекогаш бојата на годината не е и најпопуларната. На пример, минатата година Ultra Violet беше боја на годината, и беше прилично застапена, но не повеќе од земените нијанси - од минт до смарагните.