Пат до ѕвездите: Гламурозен стајлинг со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА

29 јуни 2023

Талент шоуто „Пат до ѕвездите" стигна и до првото полуфинале.

Како и секогаш нашиот етаблиран бренд ЕЛЕНА ЛУКА којшто воедно е и партнер на шоуто, ги стилизираше водителките Криси и Верица.

Со оглед на тоа дека шоуто се приближува до големото финале, така и стајлингот станува погламурозен.

Двете водителки, кои што секоја емисија носат креации со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА, и овој пат блеснаа во вечерни тоалети.

За полуфиналната вечер девојките беа прекрасно стилизирани во свечени фустани со пастелно розова нијанса.

Криси носеше тоалета без прерамки на преклоп што грациозно ја следи линијата на телото, додека Верица беше облечена во гламуозен фустан со впечатливи, светкави елементи на горниот дел.

Комплименти за двете млади дами во стајлинг на ЕЛЕНА ЛУКА.

Објавено:
29 јуни 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.306 пати