Со ова кратко објаснување ви го најавуваме најновиот концепт на Perwoll Fashion.hr со кое го најавуваат најдоброто издание до сега. Модната приказна е микс на бои и сенки како антипод во модната игра која ќе трае од 14 до 18 октомври
„Концептот за излегување од сенка е всушност опис за карактерот на нашиот проект бидејќи Fashion.hr до сега откри нови дизајнерски таленти, а низ разни активности се обидуваме да ја доближиме модата до секој поединец“ – изјави Винко Филипиќ, директор на Fashion.hr.
Талентираниот фотограф Фрањо Матковиќ реши да ја употреби дуалната природа која во време на модерна технологија и ентериер е одличен спој за нова кампања. „Од една страна, модата е опиплива,шарена, практична, достапна, но сепак е и мистична, контрадикторна и драматична. Таква е и човековата природа. Едно лице покажуваме пред светот, а другото го криеме во себе„ – објаснува Матковиќ за концептот за новата кампања.
Perwoll Fashion.hr ќе се одржува од 14 до 18 октомври на Загрепскиот Саем, а со свои колекции ќе се претстават Роберт Север, Александра Дојчиновиќ, eNVy room, Ана Марија Риков, Coded Edge, Krie design, победничката од LIFT Ана Богдан и други.
За потребите за сликањето беа ангажирани манекенките Дијана Радан и Ивана Вукушиќ. За стајлингот се погрижи Иван Фришчиќ, за фризура Кевин и за шминка Кристина Павлов.