Брендот минатата година отстапи од претходно утврдената политика против злоупотреба на животни во создавање на модни парчиња, додатоци и лансираше продукти изработени од ретка кожа.
Свесни сме дека имате голем број обврски поврзани со новото работно место, но би ве замолиле да го погледнете видеото кое ви го испративме, а во кое учествува Ева Мендез и каде на најреален начин се прикажува злоупотребата на животните за трговијата со крзно. Сигурно до сега не сте биле информирана дека 85% од крзнените и кожени продукти доаѓаат од животни кои се затворени во кафези, измачувани и убивани на крвнички начин – пишува во писмото.
Во продолжение се наведуваат информации за фармите во Европа кои одгледуваат животни само за потребите на модната индустрија, а се критикува и Пола Рид, поранешен извршен директор за брендот дека не ја почитувала претходно утврдената политика на куќата.
Делата на вашиот поранешен извршен директор кои не беа дел од утврдената политика против злоупотреба на животните допринесе да изгубите дел од лојалните купувачи. Дали овие информации ќе бидат доволни да се вклучите во борбата на ПЕТА за заштита на животните, а со тоа и да ги придобиете назад купувачите во Харви Николс?- стои на крајот од отвореното писмо.
Сепак, сега за сега Стејси Картрајт се нема изјаснето околу уредувачката политика на брендот и отвореното писмо од ПЕТА.