По долги години, Владо Јаневски се појавува во новиот спот за песната „Откако си негова“, а друштво му прави прекрасната манекенка Вера Мештеровиќ.
Пејачот на шега рече дека Хрватите му ставиле „нож под врат“ и морал да се појави во спотот, а најави и хрватска верзија од песната и спотот.
Со ова видео тој го најавува големиот концерт на 16 – ти март во арената „Борис Трајковски“, а истиот е во режија на Дарио Јанковиќ сниман на неколку локации низ Македонија.
Видео записот беше промовиран на прес конференција на која пејачот потврди дека ќе има одлична забава на концертот по повод 25 години од неговата кариера во музиката.
Тој заедно со неговиот бенд со кој секогаш прави неверојатна атмосфера, вети супер вечер за сите оние кои ќе присуствуваат на долгоочекуваниот концерт во организација на Прагма продукција.