Почина една од сестрите Фенди

20 јуни 2017

Карла Фенди, една од петте сестри што ја наследија семејната модна куќа Фенди, почина вчера по долго боледување во Рим во 79-та година од својот живот.

Во соопштението до јавноста од нејзината компанија се вели:

„Карла никогаш не престана активно да придонесува за успехот на компанијата, што беше и причина да живее. Од првите интернационални признанија се до нејзините последни денови... За сите нас таа беше инспирација, пример за посветеност, култура на работа и сензибилитет за убавина. Таа засекогаш ќе биде со нас", пренесува магазинот WWD.

Фото извор: vogue.co.uk

 

Објавено:
20 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
194 пати