Модната индустрија денеска ја потресе веста за смртта на почитуваниот моден фотограф Питер Линдберг. Како пишува на неговиот Инстаграм профил, починал вчера на 74-годишна возраст.
Линдберг е еден од највлијателните фотографии во модниот свет и автор на некои од најпознатите и иконични дела во модата.
View this post on Instagram
Препознатлив беше по елегантниот, филмски стил на фотографиите, најчесто црно-бели. Беше омилениот фотограф на „Вог“, а сите го обожуваа неговиот уметнички израз, бидејќи во фокус секогаш ја ставал природната убавина на жените. Со тоа, тој ги редефинираше стандардите на убавината и свесно го одбиваше „луксузниот стил“ и „совршенството“ што го наметнуваат новите трендови, вклучувајќи го и фотошопот.
Од Наоми Кембел и Синди Крафорд, преку Кејт Мос, па сè до Ријана и Лејди Гага, соработуваше со најпознатите лица во светската шоу-биз индустрија, како и со најпознатите модни магазини „Харперс Базар“, „Ел“, „Мари Клер“...
Неговите фотографии се дел и од постојаните колекции на многу уметнички музеи ширум светот, и исто така биле прикажани на изложби во престижни музеи и галерии, вклучувајќи ги V&A, Центарот Помпиду и PS1 на MoMa.
Еден од неговите последни ангажмани беше и актуелниот, септемвриски број на „Вог“. Тој беше автор на насловната страница и едиторијалите на британското издание во кое гостин-уредник беше Меган Маркл, а кое крена многу прашина.
Причините за смртта не се сè уште познати, но модниот свет со големо жалење се простува од великанот на фотографијата.
@elisadegennaro
@ishushushuiy
@julienbaulu
@julienbaulu
@nath_sbh
@kulturaosobista
@gzhzl
@vogue_what
фото извор: @therealpeterlindbergh