Почина некогашниот дизајнер на Софија Лорен и Џеки Кенеди

20 јуни 2013

На своја 78 годишна возраст по подолго боледување, почина францускиот кутуриер Жан Луј Шерер. Во 1962 година тој основал сопствена модна куќа за висока мода на која најголеми обожавателки биле Џеки Кенеди, Софија Лорен и Ракел Велч. Инаку Шерер беше поранешен танчер кој својата кариера како дизајнер ја продолжува во Кристијан Диор и Ив Сен Лоран. Во 1992 година тој се повлекува од модната сцена.

Објавено:
20 јуни 2013
Категорија: 
Актуел