Подготовки за утрешниот старт на Денови на мода во Штип

25 септември 2013

Денеска организаторите на Деновите на мода во Штип, објавија фотографии од подготовките за утрешниот старт на настанот. Со оглед на тоа дека Штип е еден од македонските градови каде е најразвиена текстилната индустрија, оваа година за прв пат локално организираат своја модна недела со тенденции да преминат на национално и интернационално ниво.

Настанот ќе трае од 26-ти до 29-ти септември, а нашиот портал ажурирано ќе ве известува за сите новости поврзани со истиот. Вториот ден т.е на 27-ми септември, програмата ќе ја финишира токму fashionel.mk  со своја модна забава во Angels Cafe.

 

Објавено:
25 септември 2013
Категорија: 
Актуел