Погледнете го новиот бутик на Лубутан

31 мај 2013

Вo трговскиот центар Хародс во Лондон отворен е ексклузивен бутик на дизајнерот Кристијан Лубутан. По неговите чевли копнеат илјадници жени ширум светот.

Бутикот се простира на повеќе од 140 метри квадратни, а составен е од прострии илустрирани во чест на Лондон. Меѓу нив се најде и ѕид со плочки како оние во подземната железница на британската престолнина, додека самиот влез во дуќанот е инспириран од зградата на легендарната Кралска опера. Сите простории се украсени со моделите од најновата колекција на дизајнерот, како и од линијата која тој ја креираше исклучиво за Хародс. За дизајнот на овој неверојатен бутик заслужен е Ли Бром.

 

03_Lee-Broom_Christian-Louboutin--Harrods

 

06_Lee-Broom_Christian-Louboutin--Harrods

 

_G2V0464_flattened_edit

 

Објавено:
31 мај 2013
Категорија: 
Актуел