•
13 декември 2021
Војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на својот официјален Инстаграм профил го објавија новиот празничен семеен портрет кој е искористен за нивната божиќна честитка.
Традиционално овој период од годината во пресрет на празниците, британското кралско семејство ги објавува своите семејни празнични портрети, а за годинешниов беше искористена фотографија од нивното семејно патување во Јордан.
„Со задоволство ја споделувам новата семејна фотографија која се наоѓа на овогодинешната божиќна честитка", се вели во описот под фотографијата.
На фотографијата се портретирани војвотката од Кембриџ и принцот Вилијам заедно со нивните три деца, принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луи.