Погледнете ја најпопуларната празнична реклама со морковот Кевин

13 декември 2017

Синџирот маркети „Алди“ ја има најпопуларната празнична реклама за 2018 година. На изненадување на многумина, „Џон Луис“ и „Марк и Спенсер“ не беа ни блиску до победа.

Анализите на милиони објави на социјалните мрежи резултираа со листа од 10-најкоментирани тв-реклами, како и оние кои најмногу пати биле „лајкувани“.

Морковот Кевин ги освои симпатиите на публиката во Британија, но и ширум светот и му овозможи победа на „Алди“.

На второто место е рекламата на „Бутс“, додека трета е токму на „Марк и Спенсер“ со мечето Падингтон.

При изборот, се анализирало и какви зборови се користени за асоцијација на рекамите (дали се позитивни или негативни), како и сентименталноста што ја предизвикуваат.

За потсетување, „Џон Луис“ годинава се соочија со обивинувања за плагијат, па веројатно и тоа прилично придонесе за ваквиот лош пласман. На таа приказна ве потсетуваме ТУКА.

Интересно е што „Кока кола“ која ги прави најомилените празнични реклами, оваа година се најде дури на седмото место.

Погледнете ја целата листа:

Социјални мрежи/тв

1.Aldi

2.Boots

3.Tesco

4.Lidl

5. Stainsbury’s

6.Vodafone

7. Coca Cola

8.Waitrose

9.M&S

10. John Lewis

 

Сентименталност

1.M&S (87.5%)

2.Aldi (85.9%)

3.Boots (81.9%)

4.Apple (80.5%)

5. Waitrose (78.1 %)

6. John Lewis (71.2 %)

7. Sainsbury’s (71.1%)

8. Coca Cola (68.9%)

9. Tesco (63.6 %)

10. Lidl (63.5%)

 

Инаку од „Алди“ неодамна презентираа уште една реклама, посветена на децата, како продолжение на првата приказна:

Објавено:
13 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.166 пати