Повторно воодушевуваат: Мали слатки копии на ѕвездите од црвениот килим на Оскарите

10 март 2014

Мора да признаеме дека ѕвездите навистинаа блеснаа во своите беспрекорни комбинации на овогодинешните доделувања на Оскарите, но нивните мини копии дефинитивно ги засенија.

Малите модели од њујоршката агенција „Toddlewood“ веќе неколку пати не воодушевиле со своите преслатки копии на стајлинзите на ѕвездите, но овојпат дефинитивно се надминаа себеси.

Ако младата и перспективна актерка Лупита Нјонго ги остави сите присутни без здив со сината тоалета на Прада, подеднакво слатка беше и нејзината мини верзија која одлично се снајде во улогата на мала оскаровка.

Креативната Триша Месерокс, која се занимава со фотографија и е сопственичка на агенцијата, појаснува дека во агенцијата ги споила трите работи што најмногу ги сака во светот – модата, фотографијата и децата.

Една од најслатките мини верзии дефинитивно беше и онаа на Фарел и неговата сопруга, која како и кај вистинската двојка, беше скоро една глава повисока од партнерот.

Pharrell Williams

Одлично беше и малото момченце кое беше тотално шармантно со нацртаната брада и периката, во комбинација со белото палто и неодоливата црвена пеперутка вратоврска.

Сите останати мини верзии на големите ѕвезди за кои знаеме дека нема да ве остават рамнодушни можете да ги погледнете во нашата галерија што следи во продолжение.

Објавено:
10 март 2014
Категорија: 
Актуел