Познати трендсетерки директно ќе известуваат од Модната недела во Њујорк

6 февруари 2014

Две познати трендсетерки се ангажирани да известуваат за случувањата директно од актуелната Модна недела во Њујорк.Така онлајн порталот Гвинет Палтроу Гуп како гостин-уредник ја ангажираше поранешната креативна директорка на Мода Операнди, Тејлор Томази Хил. Таа ќе ги коментира настаните поврзани околу модната недела, вклучувајќи ги ревиите, хрониките за улучна мода, па се до најдобрите бјути изгледи. После две години работа во Мода Операнди и списанијата Marie Claire и Teen Vogue, нејзината компетентност и стручност воопшто не е доведена во прашање.

 

 

Другата трендсетерка Алекса Чанг за страницата Mytheresa.com, за време на Модната недела во Њујорк ќе работи како гостин-менаџер, што е по малку необично ако се земе во предвид нејзината популарност на друштвените мрежи. За да ги испочитува и своите фанови, но и работната обврска која и ја додели сајтот Алекса Чанг од сабота ќе биде активна известувајќи за последните случувања на модниот викенд како на социјалните мрежи така и за сајтот.

 

Објавено:
6 февруари 2014
Категорија: 
Актуел