Последна во низата познати девојки што немаат никаков проблем со доењето на децата во јавност е прекрасната актерка Џејми Кинг која неодамна го роди своето второ дете. На својот Инстаграм профил под објавената фотографија на која таа го дои својот втор син Џејмс, напиша: „Доењето воопшто не треба да биде табу тема“.
Токму оваа изјава и фотографија предизвика лавина од позитивни коментари од мајките кои некогаш се соочуваат со проблеми кога ги дојат своите деца во јавност.
Покрај Џејми Кинг, и манекенката Жизел Бундшен објави фотографија на која се гледа како таа го дои своето бебенце, додека нејзиниот тим стилисти ја подготвува за снимање.
После овие две прекрасни жени, голем број од светските актерки, модели и познати девојки почнаа да постираат фотографии на кои ги дојат своите дечиња, потсетувајќи го светот дека во тоа нема ништо лошо, ниту пак срамно.
Во чест на месецот на доењето, погледнете неколку прекрасни фотографии од познатите мајки и нивните дечиња.
За крај, што мислите вие за доењето во јавност?