Познатите во своите најкреативни изданија за Ноќта на вештерките

1 ноември 2013

Вчеравечер ширум светот се прослави еден од омилените празници на многумина, Ноќта на вештерките. Секој 31 октомври, голем број на деца ги облекуваат костимите на своите омилени јунаци и одат од врата на врата пеејќи песни за кои добиваат колачиња.

Но, овој празник не е омилениот само на децата, туку и на возрасните. Тоа беше случај и вчеравечер, кога познатите можевме да ги видиме во своите најкреативни изданија.

Мелиса Мекарти и Сандра Булок

Од секси жени – мачки, па се до старици, тие оставија навистина голем впечаток на забавите каде присуствуваа. Прекрасна беше Никол Шерцингер која во својот костим на жена мачка изгледаше навистина секси. Костимот и стоеше беспрекорно, со оглед на нејзината извонредна фигура по која е позната. 35 – годишната пејачка дефинитивно беше една од најзабележителните гостинки на забавата на Џонатан Рос во Лондон.

Никол Шерцингер

На другиот крај од градот, шармантната Лили Ален беше зелена тигрица на добротворната забава на УНИЦЕФ каде заедно со единствениот Роби Вилијамс ги забавуваше гостите до раните утрински часови.

Лили Ален и Роби Вилијамс

Некогашната голема тинејџерска атракција Бритни Спирс за својот настап во Лас Вегас, уживаше во костимот на Снежана, додека нејзините танчерки беа „Седумте џуџиња“.

Бритни Спирс со нејзината танчерска група

Ништо помалку не можевме да очекуваме од Лејди Гага која се појави во навистина бизарно издание, со волуменозно палто, шапка и исклучително страшни вилици. Но, таа не се „подготви“ вака за Ноќта на вештерките, туку со овој аутфит,  го промовираше  новиот сингл Dope. Ако судиме според ова, можеме само да замислиме како би изгледал нејзиниот костим за Ноќта на вештерките.

Лејди Гага

Парис Хилтон, како и секогаш, очајна за внимание. Со оглед на тоа што таа не можела да се одлучи во каков костим да се појави, си направила дури три! Па така, таа на забавата на Плејбој се појави во  костим на самовила, додека за својата приватна архива, се фотографираше во неколку  костими, меѓу кои и оној на сирена и гладијатор.

Парис Хилтон како сирена

Дефинитивно најкреативна за Ноќта на вештерките беше Хајди Клум. Непрепознатлива во нејзиниот костим на старица дефинитивно изгледаше доста застрашувачки. Клум се појави на забавата на клубот Марки во Њујорк, каде гостите не можеа да си поверуваат на очите.

Хајди Клум

Малку поскромни од Хајди беа прекрасните Миранда Кер и Бијонсе, и двете со не толку спектакуларни костими. Миранда Кер објави фотографија на нејзините профили на социјалните мрежи со нејзиното синче, таа облечена во костим на мачка, а малиот Флин во костим на Супермен.

Миранда Кер со синот Флин

Иако Бијонсе е на турнеја во Австралија, таа можеше, а да не го одбележи празникот заедно со нејзината малечка Блу Ајви. Пејачката објави фотографија на која може да се види нејзиниот костим на ангел, додека нејзината малечка изгледаше неодоливо во костимот на гасеница.

Бијонсе со Блу Ајви

Прекрасната Алесандра Амброзио се појави на забава во Лос Анџелес заедно со нејзиното семејство, носејќи само маска на мачка, додека нејзините деца  изгледаа неодоливо во костими на мече и принцеза.

Алесандра Амброзио со синот

Иако во нивното последно филмско остварување глумеа ФБИ детективи, за забавата на Ноќта на вештерките беа непрепознатливи во нивните костими на рибари. Сандра Булок и Мелиса Мекарти изгледаа навистина интересно, забавувајќи го синот на Булок за време на забавата.

Сандра Булок со синот

39 – годишната Кејт Мос на забавата по повод Ноќта на вештерките, се појави во навистина „страшно“ издание во придружба на нејзиниот сопруг и ќерката кои исто така го следеа нејзиниот пример. Тие беа не помалку интересни и од минатата година кога се појавија во костими од неповторливиот „Адамс фемили“.

Во галеријата погледнете некои од најдобрите костими на познатите за Ноќта на вештерките.

Објавено:
1 ноември 2013
Категорија: 
Актуел