Дизајнерката Миуча Прада се одлучи за голем чекор, кога се деловните одлуки во прашање. Имено, таа се одлучи на Милано да му подари уште еден значаен објект.
На местото каде што некогаш била дестилерија во индустрискиот центар на Милано, сега ќе биде музеј на современа уметност. Овие пространи складишта со текот на години почнале да се распаѓаат, а со тоа ја намалувале убавината на овој дел од градот, па дизајнерката одлучила да ги преземе работите во свои раце и да тој простор да го претвори во најголема галерија на современа уметност во Милано, пренесува „Буро 24/7“.
Пространата галерија ќе биде првата постојана локација достапна на пошироката јавност, а за изгледот на просториите че се погрижи архитектот Рем Колхас. Тој ќе се обиде да го спои оригиналниот индустриски карактер на зданието, други детали, како на пример кула на осум ката, која ќе стане воедно и „нов ориентир“ во градсјата панорама на Милано.
Проектот ќе го води Фондацијата Прада, која дизајнерката со својот сопруг ја основаше во 1993-тата година.