Празничен „Дизајн маркет“ во Lotus Design Store

22 декември 2014

Од денеска, 22 – ри декември, па сѐ до 31 – ви месецов, Lotus Design Store организира празничен „Дизајн Маркет“ во Скопје Сити Мол.

Во концептуалната продавница дополнителна креативна сила ќе внесат веќе афирмирани домашни занаетчии, придружувајќи им се на 28-те дизајнери кои се веќе дел од Lotus Design Store.

Дел од „Дизајн Маркет“ ќе бидат и Јасмина Главинчев, Мима Пејоска, Елизабета Костова, Шадија Дервишиќ и Глигор Кузмановски.

Токму таму, сите посетители ќе имаат можност по празнични цени да купат парче накит, шапка или чанта и да дадат свој придонес и поддршка на домашните занаетчии и дизајнери.

Воедно Lotus Design Store, нуди и новогодишни попусти на сите изложени производи. Оттаму порачуваат дека доколку сѐ уште не сте се одлучиле што да носите на новогодишната ноќ или не сте го одбрале совршениот новогодишен подарок, задолжително да ги посетат и да одберат производи со македонски потпис.

Објавено:
22 декември 2014
Категорија: 
Актуел