Предматурска забава во Градски парк

29 април 2013

Голем број матуранти се собраа да се забавуваат преку интересната програма во која беа вклучени настапи на неколку наши познати естрадни имиња меѓу кои: Димитар Андоновски, Тамара Тодевска, Магдалена Цветковска, Дарко Илиевски, додека за ди-џејскиот дел беше задолжен дј-Бранчез. Целта на оваа голема предматурска забава беше матурантите да се информираат повеќе за студиски програми и да добијат многу подароци и попусти за нивната матурска вечер.

Целта на оваа голема предматурска забава беше матурантите да се информираат повеќе за студиски програми и да добијат многу подароци и попусти за нивната матурска вечер. Меѓу поволностите и подароците кои ги добиваа присутните матуранти беше и ваучерот со попуст од 20% од модната куќа „Елена Лука“ на матурските тоалети како и уште еден ваучер од 20% попуст на шминка и фризура.

Дел од матурантките во Градскиот парк изјавија дека со нетрпение ја очекуваат матурската прослава, а изгледот им е приеоитет низ подготовките. „Подолг период сум во потрага по матурски фустан, креациите на „Елена Лука“ многу ми се допаѓаат, зашто соодвествуваат со мојот сензибилитет. Сеуште не сум одлучила, но дефинитивно ваучерот со попуст од оваа модна куќа ќе ми ја даде насоката“, вели една од матурантките. „Опседната сум со тоа како ќе изгледам. Веќе го избрав својот матурски фустан за кој долго време се двоумев и сум сигурна дека го направив вистинскиот избор“, вели друга матурантка. „Мене ми беше важно да носам дизајнерско парче и тоа ќе го остварам на мојата матурска прослава,“ објаснува уште една од матурантките во Градскиот парк. Меѓу оние на кои им беше приоритет гламурозниот изглед имаше и такви кои што за матурската ноќ најважно е како ќе си поминат. „Облеката и не ми е толку важна, забавата ми е во прв палн, така да, што и да носам на себе важно е да ми е комфорно за да можам да функционирам цела ноќ“, рече матурантката Марија.

 

 

Објавено:
29 април 2013
Категорија: 
Актуел