Младата и успешна блогерка со македонско потекло која живее и работи во Виена, Христина Мицевска сними одличен летен едиторијал со парчиња од познати светски брендови.

Девојката која веќе неколку години стои зад блогот Fleur de Mode, направи одличен едиторијал во прекрасната Мајорка облечена во шармантни тренди парчиња од колекциите на познатите светски дизајнери.

За потребите на снимањето, таа носи неодоливи сандали од Валентино, чанта од Долче и Габана, фустан од Роси Асулин и шапка на Еугенија Ким.

За соработката и едиторијалот со Net – a – Porter оваа млада девојка чии родители потекнуваат од Битола ќе каже дека било остварување на нејзините соништа.

Едиторијалот е снимен на магичниот залив El Caló des Moro на Мајорка, кој важи за еден од најубавите и најпосакуваните за летните одмори.

Во галеријата погледнете ги одличните фотографии на оваа прекрасна девојка.

Објавено:
31 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.631 пати