
Оскаровката Лупита Нјонго по втор пат белсна на насловната страна на американското издание на Vogue за месец октомври.
Во златен фустан со потпис на Валентино, 32-годишната актерка уште еднаш ја истакна сета своја убавина што многумина ги остави без текст. Освен насловната, октомврискиот број содржи фото-сесија за која беше задолжено дуото Мерт и Маркус, како и големо интервју во кое зборува на повеќе теми.
-Не ја знаев моќта на високата мода сè додека не облеков фустан од висока мода. Тоа ме расплака – изјави Лупита, која за фото-сесијата носеше креации на Версаче, Живанши, Готје, Диор...
Она што е интересно е фактот што американски Vogue не само што одлучи да ја стави Лупита втор пат на насловна, туку одлучи тоа да го направи после насловната со Бијонсе за месец септември, па овој магазин едно по друго има Афроамериканка за прво лице.
Но, уште позначаен факт е и овој дека во 123-годишната историја на американското издание на ова списание, само 34 насловни страни содржеле позната личност или манекенка со црн тен, вклучувајќи и групни фотографии.
Во интервјуто Лупита зборува за нејзиното искуство со расизмот во Америка, родната Кенија, тинејџерските денови, како и првите денови во САД кога дошла на студии. Исто така, таа зборува и за улогата во новото и долгоочекувано продолжение на Star Wars.
За оние што ја сакаат, ќе биде интересен податокот дека таа одговори и на 73-те кратки прашања на Vogue, спакувани во петминутното видео.
Нејзината омилена икона е мајка ѝ, омилен сок ѝ е од ананас, кој би сакала да го испие со балерината Мисти Коупленд.