Преку 70.000 посетители на саемот за мода во Загреб

14 мај 2014

Дека Загреб навистина може да се нарече модна престолнина во регионот говори и фактот дека по петти пат беше одржан саем на модата, кој го посетија повеќе од 70.000 посетители. На изложбен простор од повеќе од 1.000 метри квадратни од 9-ти до 11- ти мај се претставија повеќе од 100 модни брендови од Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина, пренесуваат хрватските медиуми.

Посетителите кои се најдоа на загребскиот плоштад, имаа можност да уживаат во бројни модни ревии, да ги видат најновите трендови, а и да си купат дизајнерски парчиња по несекојдневни, пристапни цени.

Во рамките на манифестацијата се одржа и натпревар за најдобар млад дизајнер. Меѓу стотина пријавени, стручното жири, составено од познати личности од светот на модата во Хрватска, одбраа осум финалисти кои се претставија со свои ревии, а наградата и' ја доделија на Ана Богдан.

креација на Ана Богдан креација на Ана Богдан

Таа ќе има можност бесплатно да настапи на следниот саем „Зона 45“, како и со своја колекција да биде дел од модната недела Perwoll fashion. hr.

Во рамки на програмата, саемот има и хуманитарен карктер, па одржана е хуманитарна детска модна ревија под назив „Заедно во љубовта и делата“, кон која се придружи и познатата дизајнерка Александра Дојчиновиќ и креираше маица кој можеше да се купи на саемот. Сите средства се наменети за децата заболени од малигни болести.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата.

Објавено:
14 мај 2014
Категорија: 
Актуел