Премиерката на Финска негативна на тестот за дрога

23 август 2022

Премиерката на Финска, Сана Марин, е негативна на тестот за дрога, објави Владата, по реакциите што ги предизвика откако беше објавено приватно видео каде таа танцува, пее и пие на забава.

Откако се соочи со критики од опозицијата и од нејзе беше побарано да направи тест за дрога, таа изјави дека никогаш нема земено дрога, но сепак за да го потврди тоа ќе го направи тестот.

„Се надевам дека во 2022 година ќе биде прифатено дури и оние кои носат важни одлуки да играат, да пеат и да одат на забави", изјави Марин во однос на бурните реакции во јавноста.

Од друга страна пак, деновиве во знак на поддршка за финската премиерка, стотици жени ширум светот објавуваат видеа на социјалните мрежи на кои танцуваат и се забавуваат, укажувајќи на правото на триесет и шестгодишната премиерка да се забавува, дури и покрај фактот што таа е премиер.

Инаку неодамна, Марин беше прогласена за најкул премиер во светот од страна на германскиот весник „Билд".

 

Објавено:
23 август 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
399 пати
Тагови: 
premierka Finska Sana Marin