Претстојната Мет Гала ќе го слави делото на Карл Лагерфелд

7 октомври 2022

Уредничката на американскиот моден магазин Vogue, Ана Винтур, неодамна сподели со јавноста дека темата на претстојниот настан Мет Гала ќе го слави делото на починатиот моден дизајнер Карл Лагерфелд.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by KARL LAGERFELD (@karllagerfeld)

Изложбата, која е во план уште од 2019 година, по смртта на германскиот дизајнер и која ќе биде поставена во музејот Метрополитан во Њујорк, ќе го носи насловот Karl Lagerfeld: a Line of Beauty. Инспирацијата за насловот доаѓа од теоријата за естетиката на Вилијам Хогарт од 1753 година.

Изложбата ќе се фокусира на трансформацијата на 2Д скиците на Карл Лагерфелд во 3Д облека. Во самиот музеј ќе бидат изложени повеќе од 150 креации на Карл Лагерфелд, со што ќе се опфати периодот на креативно насочување на модниот визионер во луксузните куќи Chloe, Fendi и Chanel.

Покрај тоа, изложбата ќе ги слави и црно-белите униформи и добро познатата мантра на Лагерфелд: Тренерките се знак на пораз.

Пред да почине, Карл истовремено беше креативен директор на три модни куќи – Фенди, Шанел и неговата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by KARL LAGERFELD (@karllagerfeld)

Објавено:
7 октомври 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
834 пати