На својот Инстаграм профил, актерката Шарлиз Терон објави фотографии на кои е стилизирана во супер кул комбинација, која всушност е модернизирана интерпретација на иконскиот „New look" на Диор.
Предимензионирана бела маичка со амблем што симболизира сестринство, црно транспарентно здолниште и војнички чизми, комбинација која по својата естетика е спој на женствен и урбан изглед што на актерката перфектно ѝ прилега.
Но, она што е уште поинтересно е приказната зад овој изглед која има хуманитарен карактер.
Сите комбинирани парчиња се дел од новата специјална капсулна колекција која е резултат на соработката помеѓу Диор (чие заштитно лице е актерката), нејзината хуманитарна фондација „Charlize Theron Africa Outreach Project" и младиот јужноафрикански дизајнер Тебе Магугу.
Средствата собрани од продажбата преку фондацијата на Шарлиз ќе бидат спроведени со цел подобрување на здравјето, образованието и безбедноста на младите луѓе кои живеат во Јужна Африка, од каде и потекнува холивудската ѕвезда.
View this post on Instagram
„Горд сум што може да ви ја претставам мојата капсулна колекција во соработка со Диор, поддржана од CTAOP, фондацијата на мојата драга Шарлиз Терон која вложува во здравјето, образованието и безбедноста на младите луѓе кои живеат во Јужна Африка. Мариа Грација Кјури побара да го искористам познатиот „New look" како базична силуета, што јас ја интерпретирав во различни варијации. Парчињата го носат нашиот сестрински амблем кој симболизира заедништво и зајакнување, теми кои ги користиме и јас и Мариа Грација во нашите дела", вели Тебе Магугу кој во 2019 година ја доби престижната награда LVMH за млад дизајнер.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram