Кога домашните производи се со светски квалитет, тогаш нивната успешна приказна ја продолжуваат во глобални рамки.
Благодарение токму на својот квалитет, но и новиот корпоративен имиџ, производите на македонскито бренд La Dama веќе се конкурентни и на странскиот пазар, односно во Лондон каде може да се набават онлајн.
„Можноста да се искачите едно ниво погоре од националниот пазар е релана, кога на своите клиенти им нудите вистински квалитет и привлечно спакуван производ , тоагш тие повторно ќе се вратат кај вас“, вели Љубица Атанасова, директор за маркетинг и продажба.
Задоволни клиенти од Македонија кои долги години живеат во Лондон, стапиле во контакт со Љубица и покажале интерес да помогнат во пласирањето на производите на La Dama на странскиот пазар, односно во Лондон преку онлајн продажба на истите.
Ова е секако последица на модерниот и современ дизајн на пакувањата, а пред се’ на врвниот квалитет на производите.
Уште на прв поглед, хулахопките на La Dama ќе го „украдат“ вашето внимание благодарение на перфектниот дизајн на пакувањата што уште еднаш го потврдува фактот дека во оваа семејна бизнис приказна се внимава на секој детаљ што ја прави идејата комплетна. Затоа, воопшто не е невообичаено тоа што производите на La Dama ја прошируваат својата продажба и на странскиот пазар, што е дополнителен мотив безрезервно да се вложува во домашното производство и е инспиративен пример за останатите домашни компании.