Колекција на спортска гардероба која ја потпишува дизајнерката Ирина Тошева за македонската фабрика „Цеботекс" ќе биде презентирана оваа среда, со почеток во 11.30 часот, на скејт – паркот лоциран на Кејот на реката Вардар (зад Владата на РМ).
Спортската колекција под името „Cebotex activewear by Irina Tosheva " е реализирана во рамките на проектот „Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките " кој е поддржан од Министерството за економија на РМ, односно Секторот зa претприемништво и иновации.
Проектот е дел од бизнис програмата на последната дванаесетта сезона на Моден викенд Скопје, која резултираше со соработка помеѓу македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс" и дизајнерката Тошева која работеше на колекцијата неколку месеци .
Парчињата од колекцијата ќе бидат веднаш достапни за продажба во ателјето на дизајнерката Тошева како и на веб страниците www.bastetnoir.com и www.irinatosheva.com .
Настанот е од отворен карактер и ќе можат да присуствуаат сите заинтересирани.
Фото: Ани&Дими
Графички дизајн: Анита Гај
Моден дизајнер: Ирина Тошева за „Цеботекс"
Кастинг: Виктор Цветановски
Шминка: Јована Коциќ
Фризура: Студио Cool Cut
Модел: Александра Наумова
Продуцент: Света Богова- Јовановска