Првата фотографија на Донатела Версаче за Живанши

25 јуни 2015

Колку и да ни беше невообичаено тоа што еден дизајнер покани свој колега за заштитно лице на кампања, сега кога веќе е објавена првата фотографија на Донатела Версаче за новата реклама на Живанши, веруваме дека и ова станува само уште една од дневните новости во модниот свет.

Рикардо Тиши во април објави дека токму Донатела од конкурентниот бренд Версаче е неговата нова муза и заштитно лице на зимската кампања за 2015 година.

На првата официјална фотографија од кампањата објавена во јавноста, Донатела носи црн дводелен костум во скултурална форма, а фотографијата е во црно-бела техника и упатува на минималистички луксуз.

Креативниот директор на Живанши е познат по тоа што во своите кампањи секогаш ангажира инспиративни и успешни жени, па пред Донатела, водечки лица на негови кампањи биле и Џулија Робертс и Аманда Сејфирд.

 

Објавено:
25 јуни 2015
Категорија: 
Актуел